Ѓоковиќ до аргентинската новинарка: Презимето ти е српско, мислев ќе зборуваме нашки!

Новак Ѓоковиќ за време на престојот во Буенос Аирес, каде што дојде за прошталниот меч на Хуан Мартин дел Потро, даде и едно интервју за аргентинска телевизија, а новинарката која го интервјуираше се вика Присила Кривокапиќ.

Присила кога почна на шпански јазик да му го поставува првото прашање, Новак одлучи малку да се пошегува.

„Претходно ми кажа дека имаш презиме какво што имаме во Србија и Црна Гора. Мислев дека ќе зборуваме на ‘нашки‘, хахаха. Во ред е, може и на шпански. Ги немам сите зборови во главата, но верувам дека знам доволно за да разберам и да можеме да зборуваме на шпански“, рече Новак.

 

- Оглас -

Најнови вести