Ѓоковиќ доби нож во грб од еден од неговите најмоќни спонзори!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, доби лоша вест дека француската автомобилска компанија „Пежо“ решила да не го продолжи договорот за спонзорство.

За српските медиуми, ова е предавство од страна на „Пежо“ и забивање нож во грб бидејќи до неодамна, по депортацијата и скандалот на Отвореното првенство на Австралија, тврдеа дека нема да му го раскинат договорот на невакцинираниот тенисер.

„Пежо“ му беше спонзор на Новак од 2014 до 2017 година, а потоа и од 2020 наваму.

- Оглас -

Најнови вести