Ѓоковиќ доби покана да игра на турнир кој го има освоено пред 18 години

Новак Ѓоковиќ не е дел од Мастерс турнирот во Индијан Велс затоа што не доби дозвола за влез во САД, бидејќи според правилата на земјата, не е дозволен влез на ниту еден странец кој не е вакциниран против Коронавирусот. По Мастерсот во Индијан Велс, следува и Мастерс турнирот во Мајами кој започнува на 22 март, а Србинот уште е во исчекување дали ќе добие специјална дозвола за влез во САД.

Доколку не добие дозвола за влез, популарниот Ноле ќе биде приморан да го пропушти и овој голем турнир. Интересно е дека Ѓоковиќ доби интересна понуда за настап на еден друг турнир, кој е далеку под нивото на кој тој игра.

Организаторите на Челинџер турнирот во Сан Ремо го поканија Ѓоковиќ да биде дел од турнирот на кој пред 18 години серадуваше на трофејот. Во почетоците на кариерата, Ѓоковиќ во 2005 година играл на овој турнир и го освоил.

„Имаме покана за тебе. Дојди во Сан Ремо. Се радуваме дека ќе те видиме на 26 март на турнирот кој го освои пред 18 години, а сега е дел од АТП Челинџер 125“, стои во дел од поканата за најдобриот тенисер во светот.

- Оглас -

Најнови вести