19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ѓоковиќ доби златен рекет тежок осум килограми

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по триумфот на Ролан Гарос, на кој дојде до 23-та гренслем титула во кариерата, доби златен рекет.

Спонзорот на Ѓоковиќ, производителот на тениска опрема „Хед“, му подари златен рекет тежок дури осум килограми.

Спонзорот на Ѓоковиќ со овој потег сакаше да му се заблагодари на српскиот тенисер бидејќи повеќе од една деценија и игра со нивните рекети.

„Тимски успех! Ова е 23-ти гренслем трофеј, нов рекорд во машкиот тенис. Новак Ѓоковиќ се изедначи со Серена Вилијамс по бројот на гренслем титули и во машката и во женската конкуренција. Исто така Новак се врати на првото место на АТП ранг-листата, продолжувајќи го својот рекорд за најмалку две недели“, стои во соопштението на „Хед“.

 

- Оглас -

Најнови вести