Ѓоковиќ добро помина на ждрепката за Ролан Гарос, пекол за Надал на стартот

Денеска се одржа ждрепката за вториот годинешен гранслем-турнир Ролан Гарос, во која првиот носител, Новак Ѓоковиќ, подобро помина од големите ривали.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против францускиот тенисер Пјер-Иг Ербер, а ако победи, во втората рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Карбаљес Баена и Лестиен. Можни противници во третото коло и во осминафиналето на Новак му се Лоренцо Мусети и Томи Пол.

Во проектираното четвртфинале, Ѓоковиќ би можел да игра против Каспер Руд, кого го совлада минатата година во финалето на Ронал Гарос.

Можен противник во полуфиналето, ако се оди според планот, ќе му биде Александер Зверев. Но, Зверев уште во првото коло ќе го има најтешкиот предизвик бидејќи го очекува дуел со Рафаел Надал.

Вториот носител, Карлос Алкарас, на стартот ќе игра против квалификант, во второто коло го чека меч со Дрејпер, а во неговата половина се наоѓаат и Корда, Шелтон, Оже-Алијасим како и Рубљов и Циципас кои му се можни противници во четвртфиналето.

Јаник Синер на стартот ќе игра против Јубекс, во третото коло би требало да се сретне со Нори, а потоа со Баез или Жари, па Димитров или Хуркач, пред можната полуфинална пресметка со Алкарас.

- Оглас -

Најнови вести