Ѓоковиќ добро се испоти за 81-вата титула во кариерата (видео)

Новак Ѓоковиќ ја освои 81-вата титула во кариерата, односно 36-та на Мастерс-турнирите по победата од 2-0 во сетови над Диего Шварцман во финалето во Рим. Српскиот тенисер за четрвртиот трофеј во 2020 година мораше добро да се испоти, откако Аргентинецот се покажа како тврд орев во повеќе наврати.

Шварцман уште на стартот од средбата направи изненадување откако му украде два сервиси на Ѓоковиќ и поведе со 3-0 во гемови. Новак потоа се разбуди и возврати со иста мера, а откако ја пропушти првата сет-топка, поведе во сетови по третиот брејк.

Аргентинскиот тенисер идентично го отвори вториот сет, на што доби идентичен одговор од првиот тенисер во светот, кој подоцна чекаше грешка на противникот и ја доби за 5-3, па со третата меч-топка стигна до петтата титула на Мастерс-турнирот во Рим во своето 10-то финале.

- Оглас -

Најнови вести