Ѓоковиќ долго се мачеше со сервисот на Фриц, а по првиот брејк одеше како подмачкано

Новак Ѓоковиќ е прв полуфиналист на Отвореното првенство на Австралијан кај мажите откако со 3-1 во сетови го совлада Американецот Тејлор Фриц.

Она по што ќе се памети мечот е дека Ѓоковиќ не успеа да искористи ниту една од првите 15 брејк шанси. Вакво нешто му се случи веројатно првпат во кариерата. Никако не успеваше да освои гејм на противнички сервис, затоа и по првите два сета резултатот беше 1-1.

Фриц имаше две сет-топки за 1-0, но Ѓоковиќ во негов стил се спаси и во тај-брејк го „украде“ сетот. Но, во вториот сет Фриц направи брејк, ги доби сите гејмови на свој сервис и тоа му помогна да изедначи на 1-1 во сетови.

Србинот, кој во полуфиналето турнирот го има освоено 10 пати, ќе игра со Јаник Синер или Андреј Рубљов, конечно од 16-ти обид искористи брејк-шанса и заигра многу подобро, па потоа искористи и три од наредните пет брејк топки на противнички сервис, па за Фриц му немаше спас.

- Оглас -

Најнови вести