Ѓоковиќ: Дома мора да го слушам шефот!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека кај него дома главна е сопругата Јелена и нејзиниот збор е пресуден при носење на некои одлуки.

„По поразот на Отвореното првенство на САД, сакав да одам некаде на планина, но сопругата сакаше да одиме на море, па заминавме на Малдивите. Мора да го слушам шефот“, рече Ноле со насмевка за време на интервју за „Л’Екип“, францускиот спортски весник кој го прогласи Србинот за најдобар спортист на светот за 2021 година.

Интересно е што во ова интервју било договорено да нема прашања поврзани со (не)учеството на Ѓоковиќ на претстојното Отворено прввенство на Австралијан. За своја најголема победа во 2021, Новак го истакнал триумфот над Рафаел Надал на „Ролан Гарос“.

- Оглас -

Најнови вести