Ѓоковиќ дополнително ги збуни Англичаните: „Користам магична напивка, ама не ви кажувам што е тоа“

Новак Ѓоковиќ е само на уште еден меч од одбрана на титулата на Гренд слем турнирот во Вимблдон. Српскиот тенисер утре ќе игра во финалето против Ник Кирјос. За популарниот Ноле ова е осмо финале на престижниот турнир, додека Кирјос прв пат ќе игра финале на Гренд слем турнир.

Англиските медиуми во текот на речиси целиот турнир пишуваат за нешто необично што Ѓоковиќ чува во едно шише и што го користи во текот на мечот. На последната прес конференција, Ѓоковиќ беше запрашан да открие што е тајната состојка во шишето и дали постои теорија за „магична напивка“. Србинот уште повеќе ги зголеми сомнежите кај оние кои веруваат во разни теории па изјави дека се работи за „магична напивка“.

„Што има во шишето? Магична напивка. Тоа е се што можам сега да кажам. Најважно е дека помага. Наскоро ќе видите за што се работи. Сега не смеам да зборувам, ама наскоро ќе откријам“, рече Ѓоковиќ со насмевка на лицето.

 

- Оглас -

Најнови вести