Ѓоковиќ доживеа пад на АТП листата каков што немал четири години, Надал профитираше, Федерер избришан од листата

Новак Ѓоковиќ вчера се израдува на 21-та гренслем титула откако триуфмираше на престижниот Вимблдон. Во финалето, Ноле со 3:1 во сетови го победи Ник Кирјос и стигна до седмиот пехар на неофицијалното светско тенсиско првенство.

По овој голем успех, Ѓоковиќ наместо да напредува на АТП листата, шампионот доживеа нов пад. Од третото место, сега Ноле падна на седмата позиција, што е негов најлош пласман од 13 август 2018 година, кога беше на 10-тото место на АТП.

Како се случи Ѓоковиќ со освоена титула да падне на АТП листата? Откако организаторот на Вимблдон најави дека нема да дозволи учество на тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија, челниците на АТП решија овој Вимблдон да не го бодуваат. Во една таква ситуација, Ѓоковиќ кој бранеше 2.000 поени, иако со одбрана на тронот требаше и да ги одбрани поените, остана без поени и затоа од третото место падна на седмата позиција.

Пад доживеа и финалистот Кирјос, кој од 40 место падна на 45 позиција во светски рамки. Во минус отиде и ланскиот финалист Матео Беретини кој беа разлика на учинокот, се знаеше дека ќе остане пократок за 1.200 поени, па сега тој падна за четири позиции и е на 15 место.

Рафаел Надал профитираше од целата ситуација затоа што загуби само 360 поени, па Шпанецот скокна на АТП листата и сега е на третото место. Данил Медведев кој не доби дозвола за учество загуби само 180 поени, па воопшто не му е загрозена челната позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ е рекордер во машка конкуренција со 373 недели поминати на врвот на АТП листата и тешко дека некој тенисер во скоро време ќе може ова постигнување да го надмине. Сепак, Србинот останува чекор назад во обид да стигне до апсолутниот рекорд за Број 1 во тенисот. Легендарната германска тенисерка Штефи Граф на првото место на ВТА листата има поминато 377 недели, што значи дека на Ноле му фали само уште еден месец како број 1 за да ја достигне и Граф.

Тоа што е интересно е дека од АТП листата е избришан големиот шампион Роџер Федерер. Швајцарецот нема одиграно ниту еден меч во последната година, па и тие 600 бодови кои му беа на контото му беа избришани и сега со нула бодови едноставно не е дел од светската АТП листа.

 

- Оглас -

Најнови вести