Ѓоковиќ дури десетпати го креваше шампионскиот пехар во Мелбурн, а сега организаторот го потцени и не го смета за прв фаворит

Организаторот на првиот годинешен гранслем-турнир Отвореното првенство на Австралија го потцени првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, кој има освоено најмногу титули во историјата на овој турнир.

Новак дури десетпати триумфира во Мелбурн, последен пат годинава, но за идната година, според организаторот, не е главен фаворит за титулата.

Организаторот како прв фаворит за триумф идната година го претстави Данил Медведев и наведе пет причини зошто му дава предност пред останатите кокуренти.

„Откако загуби во финалето на Отвореното првенство на САД, Медведев 2023 година ја заврши со 66 победи, најмногу од кој било друг тенисер. Тој веќе играше во две финалиња во Мелбурн, што покажува дека му одговараат условите. Додека беше надигран од Новак Ѓоковиќ во 2021 година, во 2022 беше многу блиску до трофејот кога Рафаел Надал направи неверојатен пресврт“, стои во текстот за Медведев.

Рускиот тенисер, според организаторот на првиот годинешен гранслем-турнир, најдобрата форма ја „пронашол“ на најголемите турнири и притоа ги победувал најголемите конкуренти, па изгледа дека е „гладен“ за трофеи.

„Медведев изгледа како да е повторно роден, победи на 19 меча по ред, освои три титули и потоа во Рим за првпат победи на мастерс-турнир кој се игра на земја. За три месеци победи на 34 од 37 меча и од 11-то дојде до второто место на ранг-листата. Во 2023 година, Медведев го победи секој тенисер кој е меѓу осумте најдобри на ранг-листата и сите коишто играа на завршниот мастерс. Го победи Новак Ѓоковиќ во два сета во Дубаи и му ја прекина серијата од 15 победи по ред, а го победи и Карлос Алкарас во полуфиналето во Њујорк, кога Шпанецот ја бранеше титулата и беше актуелен шампион на Вимблдон“, пишува во текстот за Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести