Ѓоковиќ двапати е казнет поради бесправна градба во вилата која чини над 10 милиони евра

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во спор со градскиот совет на Марбела за реновирање на вила во градската населба Сиера Бланка. Како што пренесува „Марбела 24 часа“, Ѓоковиќ на 13 февруари по вторпат е казнет со 5.000 евра, а се дознава дека од тенисерот е побарано да ја достави потребната документација или да урне дел од промените што ги направил во својата куќа во ова познато одморалиште во Шпанија.

Градскиот совет на Марбела е во судски спор против Ѓоковиќ од февруари 2024 година, откако тие извршија реновирање без дозвола на крајот на 2022 година. Во февруари 2024 година му беше наложено да ги реши неправилностите во рок од два месеца, а потоа на 6 август му беше изречена првата казна од 5.000 евра.

Откако било утврдено дека повторно не ја доставил документацијата, таа во февруари годинава му наплатила уште 5.000 евра.

Вилата на Ѓоковиќ има вредност над 10 милиони евра и се наоѓа во ексклузивна област на овој град. Има дел што може да се легализира, но има и други дејствија кои го прекршуваат законот за висина и број на катови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести