Одлична вест за Новак Ѓоковиќ и неговите навивачи во пресрет на финалето на Отвореното првенство на Австралија: Србинот е без бандаж, нема завој на ногата на загревањето пред големото финале против Стефанос Циципас кој уште нема грен-слем титула.
Ова е доказ дека повредата е минато, Новак со сите сили оди по десетта титула во Австралија и вкупно 22-ра на грен-слемите. Ако победи, а голем фаворит е, квотата за него триумф е 1.23, Ѓоковиќ и ќе се врати на првото место на АТП листата.
И Циципас ако победи, ќе го преземе првото место на светската ранг-листа.