Ѓоковиќ е бесен кога губи, го избрка братот од трибина (Видео)

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет во финалето на АТП турнирот во Аделаида од Себастијан Корда во тај-брејк, а драмата заврши со нечекуван потег на Србинот.

Откако Американецот конечно ја искористи седмата сет топка за 10-8 во тај-брејкот и за 1:0 во сетови во финалето, Новак покажа кон својата ложа и тренерите, а бараше од некого да излезе надвор, односно да ја напушти трибината.

Неговиот брат Марко Ѓоковиќ, заедно со новиот член во стручниот штаб Ерера веднаш си заминаа, но подоцна во вториот сет се вратија на своето место.

Новак е непоразен на почвата на Австралија на 33 меча во серија, или од 2017 година.

Ако направи пресврт и победи во финалето, за него тоа ќе биде 92-ра АТП титула, а Корда игра за вториот пехар на турнирите.

 

- Оглас -

Најнови вести