После завршувањето на последниот грен-слем оваа сезона, АТП ја објави и ранг-листата на тенисери кои освоиле најмногу поени оваа година. Првите осум тенисери од оваа листа ќе учествуваат на завршниот мастерс во Торино.
Како што моментално стојат работите, таму најверојатно нема да го гледаме Новак Ѓоковиќ, кој сега падна на деветтата позиција со заостанување од 45 позади Де Минор.
Синер, Зверев и Алкарас веќе го потврдија учеството на завршниот мастерс во Торино, а потоа според бодовите следуваат Медведев, Фриц, Руд и Рублев.
ATP Race after the #USOpen
1 – Sinner, 9.000 (Q)
2 – Zverev, 6.115 (Q)
3 – Alcaraz, 6.010 (Q)4 – Medvedev, 4.420
5 – Fritz, 3.890
6 – Ruud, 3.785
7 – Rublev, 3.480
8 – De Minaur, 3.305
—9 – Djokovic, 3.260
10 – Dimitrov, 2.835 pic.twitter.com/s4HknrzIbl— José Morgado (@josemorgado) September 8, 2024
До крајот на годината од мастерс турнирите останаа да се одиграат само Шангај и Париз, од АТП-500 серијата тенисерите ќе може да играат во Пекинг или Токио, како и Базел или Виена.