Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за триумф на следниот, трет, годинашен гренслем-турнир, Вимблдон.
Српскиот тенисер досега славеше на двата гренслем-турнири, Отвореното првенство на Австралија и „Ролан Гарос“, а следниот започнува за малку повеќе од две недели, Вимблдон.
Квотата за Новак да слави и на Вимблдон изнесува 1.7. Втор фаворит за триумф на најпрестижниот тениски турнир е Карлос Алкарас, за кого квотата изнесува 6.00, додека трет фаворит е Данил Медведев со квота 8.00.
Меѓу фаворитите е и Јаник Синер, како и Ник Кирјос, кој минатата година загуби во финалето токму од Ѓоковиќ. Меѓу првите десетмина фаворити за победа на Вимблдон се наоѓаат уште Тејлор Фриц, Александер Зверев, Холгер Руне, Матео Беретини и Стефанос Циципас.