Новак Ѓоковиќ продолжува со перфектната игра во 2020 година и стигна до нова титула, таа на АТП турнирот во Дубаи. Најдобриот тенисер во моментов во два сета го победи Стефанос Циципас со 6:3 и 6:4, потврдувајќи ја одличната форма. Мечот траеше помалку од 80 минути, а популарниот Ноле имаше контрола на играта во текот на целото финале.
Во првиот сет, Србинот успеа да направи брејк во осмиот гем и го доби сетот со 6:3. Во вториот сет, повторно Ѓоковиќ доминираше, а клучниот брејк го направи во деветиот гем која поведе со 5:4 и потоа без проблеми го освои својот сервис и стигна до победа.