15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ѓоковиќ е најдобар спортист во Европа, Јокиќ го затвора кругот во Топ 5

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, е прогласен за најдобар спортист во Европа за 2023 година во традиционалниот избор на новинарските агенции. Овој избор се прави по 66-ти пат во организација на Полската национална агенција (ПАП).

Ѓоковиќ вкупно доби 178 бода што беше доволно по петти пат да го добие ова престижно признание. Популарниот Ноле претходно беше најдобар и во 2011, 2015, 2018 и 2021 година. Српскиот тенисер во 2023 година освои вкупно седум трофеи, од кои три беа на гренслем-турнирите, а го крена пехарот и на Завршниот Мастерс во Торино. Рекордна осма година по ред Ѓоковиќ ја заврши годината на првото место на АТП-листата.

На второто место во овој избор е светскиот првак во Ф1, Макс Ферстапен (освои 150 поени), додека трет е шведскиот атлетичар Армандо Дуплантис, кој освои 86 поени. Во топ 5 на оваа листа на најдобри спортисти од Европа се фудбалерот Ерлинг Халанд со 80 бода, а петото место е за Никола Јокиќ (74 поени), кој беше МВП во НБА-лигата предводејќи го Денвер до првата титула во најсилната кошаркарска лига во светот.

Место меѓу најдобрите 10 спортисти од Европа имаше и за: полската тенисерка Ига Швјонтек (72 поени), норвешкиот биатлонец Јоханес Тињес Бу (51 поени), холандската атлетичарка Фамке Бол (49 поени), швајцарскиот скијач Марко Одермат (44 поени) и данскиот велосипедист Јонас Вингегард со 40 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести