Ѓоковиќ е натчовек, вторпат по ред играше пет часа и пет сета – и пак победи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден епски меч на Ролан Гарос и речиси по пет часа, а и пет сета, повторно победи. Ноле како да е натчовек, повторно успеа да се издигне кога беше најтешко, во четвртиот сет имаше негатива и беше на работ на пораз, но успеа да израмни на 4-4 во гемови, а потоа и да се избори за петти сет. На крајот, повторно победи.

Тоа е 370-ти гранслем-триумф за Ѓоковиќ, со што го надмина Роџер Федерер и сега е осамен на врвот и во ова рангирање.

Неговиот ривал, Аргентинецот Франциско Черундоло навистина го намачи. Ѓоковиќ првиот сет го доби лесно со 6-1 во гемови, но во вториот возврати Черундоло со 5-7, а успеа да го освои и третиот сет со 3-6 во гемови.

Четвртиот сет беше неверојатно драматичен, Черундоло имаше брејк и одеше кон триумф, но Ѓоковиќ сепак успеа да се врати резултатски во игра. Израмни на 4-4 во гемови, а потоа го комплетира сетот со 7-5.

Во последниот петти сет, со крајни напори, Новак Ѓоковиќ успеа да стигне до 6-3 и да оствари уште еден неверојатен триумф, пласирајќи се во четвртфиналето, каде што го очекува дуел со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Каспер Руд.

- Оглас -

Најнови вести