Ѓоковиќ е непобедлив – Спаси две меч топки, скрши еден рекет и го надигра Дел Потро (Видео)

Новак Ѓоковиќ е како феникс, се издигна од пепел во четвртфиналниот меч со Хуан Мартин Дел Потро и се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Рим.

Во меч што заврши еден час по полноќ, српскиот ас беше пред пораз, со негатива од 0:1 во сетови и 4:6 во поени во тај-брејкот во вториот сет, но успеа да се спаси.

На сервис на Дел Потро направи брејк, а потоа нанижа уште три поени, го доби продолжениот сет со 8:6 во поени и израмни на 1:1.

Во третиот сет се нервираше, скрши еден рекет, но сепак успеа да победи со конечни 2:1, или по сетови 4:6, 7:6 (6), 6:4.

https://twitter.com/TenisKanali/status/1129515935776288781

Ова за Ѓоковиќ е петта победа по ред во дуелите со Дел Потро, а денеска во 20 часот ќе треба да игра полуфинале со уште еден Аргентинец, Диего Шварцман.

https://twitter.com/TenisKanali/status/1129519841998770176

Во првото полуфинале од 14.30 часот ќе играат Надал и Циципас.

Во женска конкуренција првото полуфинале е меѓу Бертенс и Конта и ќе се игра од 12 часот, а потоа од 17 часот на терен во комплексот „Форо Италико“ за финале ќе играат и Каролина Плишкова и Сакари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести