Ѓоковиќ е оптимист: На добар пат сум

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, е подготвен за настап на мастерсот во Рим, каде што ќе започне од второто коло. Ѓоковиќ потенцира дека следниот период ќе биде клучен во сезоната и очекува да биде подготвен и во добра форма.

„На добар пат сум да бидам во врвна форма на Ролан Гарос. Ги одработив тренинзите, се надевам дека во Рим ќе бидам подобар од тоа што одиграв во Монте Карло. Мојата цел е да стигнам подалеку. Задоволен сум како работев во изминативе 14 дена. Сега ме чекаат Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри. Ова е важен период за мене. Морам повторно да го најдам вистинскиот ритам“, вели Ѓоковиќ, кој изненадувачки уште нема освоено ниту еден трофеј во 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести