Тениската репрезентација на Србија го освои АТП-купот, па играчите во соблекувална пееја песни како „Маршот на Дрина“ и „Видовдан“, а тоа го налути амбасадорот на Косово во Бугарија, Едон Цана, кој на „Твитер“ жестоко го нападна Ноле.
„По воениот марш, пееја и за Косово. Може да бидеш АТП-победник, но секогаш длабоко во себе ќе останеш примитивец и обичен балкански националист и шовинист. Не случајно Новак Ѓоковиќ е најмалку сакан и најнепопуларен тениски шампион во историјата“, напиша Цана.
https://twitter.com/i/status/1216388642748321792