Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број 1, не му даде никакви шанси на американскиот тенисер Денис Кудла во мечот од второто коло на Вимблдон. Србинот беше убедлив и со 3:0 (6:3, 6:2, 6:2) во сетови за малку повеќе од еден и пол час го декласираше ривалот.
Бранителот на тронот на неофицијалното Светско тениско првенство во третото коло ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркац, кој со 3:1 го победи Леонардо Мајер. Освен Ѓоковиќ, место во третото коло денеска обезбедија и Фернардо Вердаско, Милош Раониќ, Карен Хачанов, Кевин Андерсон, Девид Гофин…
Своите мечеви во второто коло утре ќе ги играат и останатите двајца големи фаворити Роџер Федерер и Рафаел Надал.