Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, вечерва игра полуфинале на Мастерсот во Мајами, а за време на четвртфиналето против Себастијан Корда, со еден детал ги привлече сите погледи.
Ѓоковиќ носеше чудни сини ракавици за време на паузите меѓу гејмовите. Тој ги триеше ракавиците по вратот и лицето, а тие како да му дадоа дополнителна енергија и свежина. За што навистина се работи?
Тоа се ракавици полни со пакувања со мраз кои му помогнаа на Новак да се олади набрзина. Во Мајами е многу топло и влажноста на воздухот е голема, па ова ладење добро му доаѓа.
Легендарната Мартина Навратилова беше фасцинирана од потегот на Новак.
„Сме го виделе тоа пред неколку години, може да ја намали телесната температура за околу 30 секунди. Го лади крвотокот. Новак е пред сите кога е технологијата во прашање. Не знам зошто повеќе играчи не ја користат оваа технологија, турнирите треба да обезбедат вакви ракавици за сите играчи“, искоментира Навратилова.
Дали Новак ќе ги користи овие ракавици во полуфиналето против Григор Димитров од кој 12 години нема пораз, и дали тие ќе му помогнат да се пласира во финалето, останува да видиме.
Инаку овие ракавици се лесно достапни, може да се купат за 25-30 долари.