Ѓоковиќ е во финалето во Мајами, само на чекор до „стотка“, а гледаше и Лео Меси

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Мастерс турнирот во Мајами, откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2-0 во сетови. За нешто повеќе од еден час игра Ѓоковиќ ја заврши работата против Димитров и стигна само на чекор до титулата број 100 во кариерата.

Србинот го доби првиот сет со 6-2 во гемови, а продолжи со одлична игра и во вториот сет. Димитров не можеше да фати вистински ритам, а Србинот во вториот сет му дозволи да освои три гема.

Одличниот настап на Новак Ѓоковиќ од трибините го следеше и Лионел Меси.

Ѓоковиќ за стотата титула во тениската кариера ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Тејлор Фриц и Јакуб Менсик.

- Оглас -

Најнови вести