Новак Ѓоковиќ уште не може да ја оствари мисијата која ја зацрта уште пред повеќе од една година, а тоа е освојување на јубилејниот 100-ти АТП трофеј. Откако на турнирот во Мајами, Ѓоковиќ загуби во финалето, Србинот се префрли во Монте Карло каде се подготвуваше за следниот предизвик, а тоа е Мастерсот во Монте Карло.
Уште за време на турнирот во Мајами, Ѓоковиќ се жалеше на инфекција на окото, но и со тој проблем стигна до финалето. Се чинеше дека инфекцијата ќе помине, но на интервјуто пред стартот на возбудувањата во Монте Карло, се гледа дека проблемот уште постои.
Србинот едвај го отвора окото, но во ниту еден момент засега не помислил да се повлече.
Погледнете како изгледа инфекцијата на окото на Ѓоковиќ.
“Your 18th time in Monte Carlo”
Nole: “is it?”😅❤️ pic.twitter.com/5zRW5LCo1n
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 6, 2025