„Ѓоковиќ експрес“ набрзина го прегази Де Минаур

Австралиецот Алекс де Минаур освои само пет гејма во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралијан, каде што за противник го имаше разиграниот Новак Ѓоковиќ, кој победи со 6-2, 6-1, 6-2 за малку повеќе од два часа игра.

Србинот сигурно маршира кон својата десетта титула во Мелбурн, а 22-ри гренслем-трофеј во кариерата.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Русинот Андреј Рубљов и тоа би требало да биде потежок испит за фаворитот отколку евентуалното полуфинале со еден од Американците Бен Шелтон или Томи Пол.

- Оглас -

Најнови вести