Ѓоковиќ експресно до четвртфинале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ забележа нова максимална победа на Ролан Гарос, вкупно четврта без загубен сет, и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Париз.

Нова „жртва“ на Србинот беше тенисерот од Велика Британија, Камерон Нори, кој беше совладан со максимални 3-0 за малку повеќе од два часа игра. Ѓоковиќ беше убедлив во сите три сета, па првиот го доби со 6-2, во вториот загуби еден гејм повеќе за 6-3, додека третиот сет заврши со идентичен резултат како и првиот, 6-2.

Противник на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе му биде Александер Зверев од Германија.

- Оглас -

Најнови вести