Ѓоковиќ експресно до второто коло на ОП на САД

Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во втората рунда на Отвореното првенство на САД по триумфот од 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-1) над Дамир Џумхур.

Првиот светски рекет немаше многу проблеми во дуелот против 109-тиот рангиран на АТП-листата и по два часа обезбеди пресметка против Кајл Едмунд. Џумхур му украде еден сервис на Ѓоковиќ во вториот сет, можеше да направи и два брејка, меѓутоа Србинот не сакаше да трпи изненадувања и за половина час го освои третиот сет.

Ноќеска победи издвоија уште Крајиновиќ против Јмер (3-0), Гофан беше подобар од Опелка со 3-1 во сетови, а вчера во второто коло се пласираа уште Циципас и Зверев.

Во женската конкуренција Наоми Осака ја надигра сонародничката Дои со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 6-2), додека американската сензација Коко Гоф претрпе елиминација на стартот од Севастова со 1-2 во сетови (3-6, 7-5, 4-6).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести