Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, со трета максимална победа успеа да обезбеди пласман во финалето на АТП турнирот во Атина. Србинот на патот до финалето не загуби ниту еден сет, а во полуфиналето беше подобар од германскиот тенисер, Јаник Ханфман, со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
На Србинот во првиот сет му беше доволен еден брејк, кој го направи во шесттиот гејм за да го освои сетот со 6-3 и да поведе, додека во вториот сет најпрво зиенандувачки загуби сервис, но потоа направи два брејка и го доби сетот со 6-4.
Противник на Ѓоковиќ во финалето во гралвниот град на Грција ќе му биде победникот од второто полуфинале, во кое играат Корда и Музети.
За Новак Ѓоковиќ ова ќе биде трето финале оваа година, во кое ќе го брка 101-виот трофеј во кариерата. Финалето во Атина ќе биде вкупно 144-то во кариерата на Србинот.

