Ѓоковиќ експресно во второто коло, а неговиот тренер вели дека Надал ќе го освои Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ без поголема мака се пласираше во второто коло на Ролан Гарос.

Србинот во првиот свој меч на овој гренд слем го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 6:3, 6:1, 6:0 и со тоа имаше убава најава за тоа што го очекува. Во втората рунда, ќе игра против подобриот од Алекс Молкан и Федерико Корија, меч кој што е закажан за утре.

Тренерот на Новак, пак, легендарниот Горан Иванишевиќ даде навистина интересна изјава во која што го фаворизира големиот ривал на Србинот, Рафаел Надал.

„Сметам дека Рафа Надал ќе ја освои титулата на Ролан Гарос, а тоа значи и дека ќе го победи Новак Ѓоковиќ. Јас не гледам носители според моменталната форма, според мене на Ролан Гарос има само еден фаворит, Рафаел Надал“ изјави Иванишевиќ.

- Оглас -

Најнови вести