Новак Ѓоковиќ е елиминиран во четврфиналето на Мастерс турнирот во Рим од данскиот тенисер Холгер Руне со 2-1. Данецот одигра одличен меч и уште во првиот сет најави дека ќе го совлада Ѓоковиќ откако го доби првиот сет со убедливи 6-2.
Во вториот сет Ѓоковиќ израмни на 1-1 откако го доби сетот со 6-4, но во последниот Руне повторно доминираше и славеше со 6-2. Данецот во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од мечот помеѓу Каспер Руд и Франциско Серундоло.
Новак Ѓоковиќ во текот на целиот меч беше нервозен, во еден момент започна да му се дере и на членот на својот тим, хрватот Горан Иванишевиќ. Останува нејасно за што Ѓоковиќ реагираше, а видеото може да го погледнете ТУКА.
И во продолжение од мечот Ѓоковиќ реагираше кон својата екипа, видеото ТУКА.