Ѓоковиќ ептен лесно до осминафинале, неговиот следен ривал е италијанскиот хит

Новак Ѓоковиќ втора година по ред го победува Литванецот Роналдас Беранкис на „Ролан Гарос“ во три сета, а овојпат со 6-1, 6-4, 6-1, што е нешто понеубедливо од ланските 6-1, 6-2, 6-2 против истиот противник. Србинот немаше никакви проблеми да остане непоразен во дуелите со 93-то рангираниот Беранкис на кого земјената подлога и не му е омилена.

Во четвртото коло на отвореното првенство на Франција, Ѓоковиќ ќе се сретне со 19-годишниот Лоренцо Мусети, кој е дебитант на грен-слемите. Мусети денеска славеше во пет сета против многу попознатиот сонародник Марко Чекинато. За Мусети, тоа беше првпат во кариерата да игра меч во пет сета. Ѓоковиќ досега има играно 92 меча само на „Ролан Гарос“ и неговото искуство и квалитет го прават голем фаворит и во следната рунда.

- Оглас -

Најнови вести