Ѓоковиќ: Физички бев немоќен, ќе мора да разговарам со мојот тим (Видео)

Новак Ѓоковиќ претрпе сензационален пораз од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина во Монте Карло во првиот меч што сезонава го играше на земјена подлога.

Најдоброрангираниот светски тенисер загуби со 1:2 во сетови, а ретко му се случува да загуби сет со 1:6, како што заврши решавачкиот трет сет.

„Физички бев немоќен во третиот сет и тоа ме загрижува. Воопшто не ми се допаѓа и ќе мора да разговарам со својот тим. Со ова не сакам да го намалам значењето на успехот на ривалот, кој заслужено победи“, изјави Ѓоковиќ.

https://twitter.com/TennisTV/status/1513917808761098244?s=20&t=n5VLCpHm-ENlGdI63guiTA

За Ѓоковиќ ова беше прв меч по пауза од месец и пол, а само четврти дуел во 2022 година и го претрпе вториот пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести