Ѓоковиќ ги игра мечевите уште пред да излезе на терен

Новак Ѓоковиќ има интересен концепт, а вели дека пред да излезе на терен си замислува како отприлика треба да одигра против секој ривал.

„Пробувам да го одиграм мечот во мојата глава уште пред да почне. Секогаш не можете да погодите, а секако не сценарио какво што беше во финалето на Вимблдон против Федерер“, вели српскиот тенисер.

Повторно ќе игра против големиот ривал од Швајцарија на завршниот АТП-тутнир во сезоната. Во недела стартува спектаклот во Лондон, а Ѓоковиќ и Федерер, заедно со Доминик Тим и Матео Беретини се во иста група што го носи името на легендарниот Бјорн Борг.

Новак ќе стартува против Беретини во недела, од 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести