Ѓоковиќ ги обедини Балканците, поддршка од дедо со хрватски дрес, се вее и македонско знаме во Мелбурн (Фото)

Пред хотелот во Мелбурн каде што е сместен Новак Ѓоковиќ, и денеска се собираат луѓе кои му даваат поддршка, а нивниот број е поголем од вчера, бидејќи на Србите им се приклучија и Македонци, Грци, Хрвати, има и италијански знамиња.

Најинтересен е еден повозрасен маж кој беше фотографиран во капа со грбот на Србија, а на себе носи дрес од хрватската фудбалска репрезентација.

Меѓу поддржувачите на најдобриот тенисер на светот има и нашинци, а доказ е присуство на знамето со 16-кракото сонце од Кутлеш.

Поранешното знаме на Македонија е редовен декор меѓу Македонците во Австралија, а тоа не им пречи многу ни на Грците, кои истотака се присутни на собирот.

Инаку, судот во Мелбурн утре во 20 часот по средноевропско време ќе решава за судбината на Ѓоковиќ и неговото (не)учество на Австралијан опен.

- Оглас -

Најнови вести