Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најави дека дуелот меѓу Србија и Грција во Дејвис купот кој викендов ќе се игра во Белград, може да биде последна шанса за навивачите да го гледаат на домашен терен во репрезентативниот дрес.
„Сите ме прашуваат што е тоа што уште ме мотивира. Ме мотивираат Гренд слемовите и настапите за репрезентацијата на Србија. Олимпиското злато го освоив, но има уште многу предизвици. Мило ми е што уште сум му на располагање на селекторот Виктор Троицки, со кого се познавам уште од детството. Покрај олимпиското злато и првиот Вимблдон, како еден од најмилите трофеи ми е и Дејвис купот во 2010 година. Сегашниот формат на Дејвис купот е променет и немаме многу шанса да играме на домашен терен. Последен пат кога играв пред своите навивачи беше токму во Пионир пред седум години и не знам дали по дуелот со Грција ќе имам повторно шанса да заиграм за Србија пред своите навивачи. Токму затоа ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка“, рече Ѓоковиќ.