Новак Ѓоковиќ по победата над Лоренцо Музети во Дубаи, изјави дека е пресреќен од атмосферата и поддршката која ја добил, но ги растажи своите фанови кога призна дека ако нешто не се смени, нема да може да влезе во САД и да игра на еден од најценетите турнири на тврда подлога, во Индијан Велс.
Турнирот во Индијан Велс почнува на 7 март, а поради тоа што не е вакциниран, најдобриот светски тенисер не може да игра таму.
„Како што стојат работите во моментов, нема да можам да играм таму, не можам да влезам во САД. Но, да видиме што ќе се случи. Можеби во наредните недели ќе се сменат нештата“, изјави Ѓоковиќ.