31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ѓоковиќ го чекаше крајот на годината за да го направи најдобриот потег за 2019 (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои третото место на егзибицискиот турнир во Абу Даби, откако со 7:5, 6:3 го победи Русинот Карен Хачанов. Да не биде само еден обичен меч, туку дуел кој ќе го памтат оние кои беа на трибините, Ѓоковиќ се погрижи со еден од најдобрите потези во кариерата.

Во еден поен, популарниот Ноле реши да одигра скратена топка, противникот успеа да ја стигне, но потоа Србинот во НБА стил со удар од зад грб го изненади Хачанов, а топчето заврши на самата линија.

- Оглас -

Најнови вести