Ѓоковиќ го декласира Надал за рекордна седмица во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ доминираше во финалето на Австралија опен, го декласира големиот ривал Рафаел Надал со 6:3, 6:2, 6:3 и ја слави седмата титула во Мелбурн, вкупно 15. на гренд-слем турнирите.

Популарниот Џокер беше пресилен за сите ривали на турнирот, загуби само два сета, а и во финалето ја потврди светската тениска класа. Со оваа титула тој е тенисерот со најмногу пехари во Мелбурн во историјата на играта.

Против тенисерот со кога има најмногу меѓусебно мечеви и дузина епски дуели, Ѓоковиќ играше импресивно од почеток до крај и не му даде ни минимална шанса на Надал да се надева на втор пехар на Австралија опен.

Првиот сет го доби со 6:3 за 37 минути игра, а доминацијата продолжи и во следните два сета. Во текот на целиот меч не м у дозволи ниту еден брејк на противникот од Шпанија, самиот направи четири и апсолутно заслужено го освои пехарот, по три години пауза.

Новак сега има 15 титули на четирите најценети светски тениски турнири, а грото од нив, точно седум му се освоени на АО.

Надал остана на 17 гренд-слем трофеи, вторпат во втор обид не успеа да го победи Ѓоковиќ во Мелбурн, па му остана само трофејот од 2009 година.

Со оваа победа српскиот тенисер сега има предност од 28:25 во меѓусебните дуели со Шпанецот и тоа е ривалство со најмногу меѓусебни дуели во историјата на тениската игра.

- Оглас -

Најнови вести