6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Ѓоковиќ го доби историскиот меч против Чилиќ во Шангај

Новак Ѓоковиќ на својот прв официјален меч по поразот од Карлос Алкарас во полуфиналето на Отвореното првенство на САД го победи Хрватот Марин Чилиќ со 7-6, 6-4 во второто коло на Мастерс турнирот во Шангај.

Како по традиција, Србинот играше со црвен дрес, во бојата на знамето на Кина, а овој меч со Чилиќ беше историски затоа што на Мастерс 1000 турнирите досега се немаше случено еден против друг да играат двајца тенисери ветерани кои заедно имаат 75 години и 139 дена. Ѓоковиќ има 38, а Чилиќ 37 години.

Чилиќ, кој само двапати во 22 меѓусебни дуели славел против најдобриот на сите времиња, даде силен отпор во првиот сет, имаше шанса и да го освои кога испушти две брејк топки при 5-5, но сепак Новак се извлече и го доби сетот во тај-брејк.

Во вториот сет немаше толкава драма, Србинот навреме направи брејк на сервис на противникот (тоа беше единствен брејк на мечот) и рутински ја одбрани предноста иако во последниот гејм Чилиќ имаше брејк шанса.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со германскиот квалификант Јаник Ханфман, кој е 159-ти на АТП-листата, а до третото коло се проби со изненадувања против Сонего и 26-тиот носител Тијафо.

- Оглас -

Најнови вести