18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ѓоковиќ го доби „најлошиот подарок“ за денешниот роденден

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, денеска го слави 36-тиот роденден, но новата АТП-листа нема многу да го израдува. Српскиот тенисер не само што веќе не е на првото место на АТП-листата, туку падна на третата позиција.

Младиот шпански тенисер Карлос Алкарас е лидер на АТП-листата, а пред Ѓоковиќ сега е и рускиот тенисер Данил Медведев, кој вчера триумфираше на Мастерс-турнирот во Рим. Тоа значи дека Новак ќе биде трет носител на Ролан Гарос, гренслем-турнирот, кој на 28 мај ќе започне во Париз.

Во топ 10 на АТП-листата се: Алкарас 6.815 поени, Медведев 6.330, Ѓоковиќ 5.955, Руд 4.915, Циципас 4.775, Руне 4.375, Рубљов 4.270, Синер 3.435, Фриц 3.390, Феликс Оже 3.065.

- Оглас -

Најнови вести