Ѓоковиќ го доби тоа што го сакаше, ждрепката му овозможува да го оствари планот

На Новак Ѓоковиќ му се насмеа среќата при денешната ждрепка за Вимблдон затоа што против главните ривали Јаник Синер и Карлос Алкараз може да се сретне само во финалето.

Ако стигне до финалето, српскиот тенисер нема да загуби поени и нема да падне на АТП листата, бидејќи и лани беше финалист во Лондон, а ако го освои турнирот, ќе оди и во плус.

Главното прашање е во каква форма е Новак после операцијата на менискусот на десното колено која ја имаше пред три недели. Тој рече дека ќе игра на Вимблдон само ако чувствува дека може да ја освои титулата. Ако нема проблем со коленото, се чини дека барем финалето е реалност.

Позитивно за Новак е што во првите кола нема тешки противници, барем не на хартија, изненадувањата секогаш се можни. Србинот ќе треба ривалите да ги победува без да биде 100 отсто спремен, тој тоа го може, но како ќе поминуваат деновите, така состојбата на коленото треба да му се подобрува, па за потешките мечеви ќе биде фит, а во таква ситуација, тешко дека некој аутсајдер би го запрел.

- Оглас -

Најнови вести