16.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Ѓоковиќ го избегна Синер до финалето на ОП на САД, но би имал тешко четвртфинале и полуфинале

Новак Ѓоковиќ, кој на Отвореното првенство на САД ќе се обиде да ја освои 25-тата грансле-титула во кариерата, го дозна патот кој ќе треба да го мине за да го крене победничкиот трофеј во Њујорк.

Србинот кој стигнуваше барем до полуфинале на сите три досегашни гранслема годинава, во првото коло на Отвореното првенство на САД ќе игра со Американецот Лирнер Тиен, во второто со квалификант, а ако нема големи изненадувања, Новак во четвртфиналето треба да игра со четвртиот носител и најдобар американски тенисер Тејлор Фриц, потоа ако мине, би имал полуфинале против Карлос Алкарас. Шпанецот Алкарас би имал четвртфинале со Бен Шелтон, а во првото коло игра против џинот и одличен сервер Рејли Опелка.

Првиот носител Јаник Синер има малку полесен пат до титулата, во четвртфиналето би се сретнал со Дрејпер, а во полуфиналето со Зверев или Де Минор.

Отвореното првенство на САД почнува на 24 август.

- Оглас -

Најнови вести