Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 377-мата недела на врвот на АТП ранг-листата, со што го израмни рекордот на Штефи Граф, која досега беше апсолутен рекордер и во машка и во женска конкуренција со најмногу недели на првото место.
Идниот понеделник Ѓоковиќ ќе стане апсолутен рекордер, што ќе биде уште параметар во негова корист во трката за најдобар тенисер на сите времиња.
Новак, кој првиот пат беше на чело на АТП ранг-листата на 4 јули 2011 година, има 7.070 бодови, додека зад него е Шпанецот Карлос Алкарас со 6.480, Шпанецот и доколку победи на турнирот во Рио де Жанеиро кој започнува денеска, нема да може да го надмине Ѓоковиќ бидејќи турнирот во Бразил е од серијата АТП 500.
Трет е Стефанос Циципас со 5.940, четврти е Каспер Руд со 5.515, а петти Андреј Рубљов со 3.860 бода.
Во Топ 10 најдобри тенисери на светот се врати Данил Медведев, кој вчера триумфира на турнирот од серијата 500 во Ротердам и сега е осми со 3.250 бода. Пред него се Рафаел Надал со 3.815 и Тејлор Фриц, кој пак победи на турнирот во Делреј Бич со 3.660 поени. Феликс Ожер-Алијасим е деветти со 3.200 поени, а Холгер Руне е десетти со 3.161.