Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Мастерсот во Рим. Србинот кој денеска доигруваше четвртфинале и направи пресврт против Стефанос Циципас, вечерва го совлада домашниот миленик Лоренцо Сонего со 6-3, 6-7, 6-2.
Светскиот рекет број 1 повторно покажа дека има подебели нерви од противниците и дека е најопасен кога се мисли дека ќе загуби некој важен гејм. Сонего во вториот сет имаше две сет-топки, но не ги искористи, па Ѓоковиќ го надмина и провокациите од римската публика која го бодреше Италијанецот, но испушти две меч-топки и Италијанецот го освои сетот.
На крај, Ѓоковиќ беше подобар и искусно дојде до победа и нова битка со неговиот ривал Надал. Шпанецот ќе се обиде на четврти турнир на земјена подлога после Париз, Барселона и Монте Карло, да дојде до десетта титула.