24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Ѓоковиќ го мина Сампрас во Њујорк – Шампионот има шанса за реванш против Вавринка

Новак Ѓоковиќ по 12-ти пат ќе игра во четвртото коло на Отвореното тениско првенство на САД, по победата од 3:0 против Денис Кудла.

Актуелниот шампион и покрај проблемите со рамото го одигра најдобриот свој меч во досегашниот дел од турнирот во Њујорк и успеа да го мине легендарниот Пит Сампрас по бројот на победи на „Флешинг Медоуз“. Сега има биланс од 72-10, на петтото место според бројот на победи во Опен ерата на тениската игра.

Пред него се Џими Конорс со биланс 98-17, Роџер Федерер со 88-13, Андре Агаси со 79-19 и Иван Лендл со 73-13.

По стартните три кола што беа само рутина за шампионот, сега следи вистински предизвик и меч против Станислас Вавринка. Ѓоковиќ има многу подобар биланс во меѓусебните дуели, води со 19:5, но има и пораз во последниот меч што го играа во Њујорк и тоа во финалето во 2016 година.

„Се радувам што одиграв одлично. И благодарам на публиката што остана толку касно за да не бодри и двајцата. Мечот со Вавринка ќе биде вистински предизвик. Честопати заедно тренираме и одлично се познаваме. Стен е екстра-квалитетен тенисер, со силни удари и интелегентни потези. Нека победи подобриот“, изјави Ѓоковиќ.

Во многу поинтересен дуел од ноќната програма и Данил Медведев, кој е еден од фаворитите од сенка и тенисер во топ-форма се пласираше во четвртото коло со победа од 3:1 против Фелисијано Лопес.

Рускиот тенисер имаше повеќе нерви во двата тај-брејка, ги доби со 7:1 и 9:7 во поени, а потоа со 6:4 го заврши мечот, откако Лопес го доби вториот сет со 6:4.

Кај дамите Медисон Кијз беше подобра во американското дерби од Софија Кенин со 2:0, а идентична победа без загубен сет забележа Елена Свитолина во украинската пресметка со Дајана Јастремска.

- Оглас -

Најнови вести