Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј конечно ја започнаа својата соработка, и го одржаа првиот заеднички тренинг откако Британецот беше назначен за тренер на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ спарингуваше со Британецот Џејк Дрејпер, а Мареј од страна внимателно ги следеше сите потези и движења на Новак.
Србинот се подготвува за претстојниот гренслем Австралијан опен кој го има освоено дури 10 пати, а во подготовките му помага некогашниот ривал кој сега му е тренер. За Новак нема тајни во тенисот и речиси секој удар го има доведено до совршенство, па Мареј со Ѓоковиќ повеќе ќе треба да работи на психолошкиот момент отколку на техниката и тактиката.
Мареј пет пати играше финалиња на Австралијан опен, но ниеднаш не ја освои титулата. Сега би можел првпат да се израдува на трофејот, но како дел од тимот на Ѓоковиќ со кого се познаваат уште од јуниорските денови.