Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ги прави последните подготовки пред стартот на мастерс турнирот во Рим. Популарниот Ноле е прв фаворит за освојување на трофејот, а во првото коло ќе биде слободен, додека потоа го чека подобриот од дуелот на Роман Сафијули или еден од квалификантите.
Со појавувањето на централниот терен „Форо Италико“, Ѓоковиќ привлече внимание, а посебно беше впечатливо дека покрај него во улога на тренер е Ненад Зимоњиќ. Тој е привремен заменик на Горан Иванишевиќ, а се очекува Зимоњиќ во најскоро време и официјално да биде потврден како нов тренер на тенисерот број 1 според АТП листата.
https://twitter.com/i/status/1787559646766493850