20.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Ѓоковиќ го откажа денешниот тренинг, голема е квотата за негова победа над Руд

Повредата на коленото го мачеше Новак Ѓоковиќ во дуелот со Аргентинецот Серундоло, а до вечер, кога ќе бидат готови резултатите од снимките, треба да се знае дали најдобриот тенисер на светот ќе се појави на терен на утрешното четвртфинале на „Ролан Гарос“ против Каспер Руд.

Ѓоковиќ денеска нема да тренира, ќе оди на физиотерапевтски третмани и на снимање на коленото.

Сите кои го познаваат Србинот, знаат дека мали се шансите тој да се откаже и дека ќе игра доколку има барем минимални услови за такво нешто. Интересно е дека во моментов квотите за утрешното четвртфинале го фаворизираат Руд. Ѓоковиќ ако игра, како ретко кога, би бил аутсајдер на хартија во едно четвртфинале.

- Оглас -

Најнови вести